Манџукиќ во Арсенал за 30 милиони фунти

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Марио Манџукиќ, на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Искусниот напаѓач веќе не крие дека не е многу среќен поради договорениот трансфер на полскиот интернационалец Роберт Левандовски кој во следните четри сезони ќе го носи дресот на Баерн (М) и не ја отфли опцијата за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Раководните лица на англискиот премиерлигаш се убедени дека се потребни околу 30 мил. фунти за да се осигураат услугите на 27-годишниот напаѓач, за кого голем интерес покажаа и челниците на Челзи, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал (М).