Мане го продолжи договорот со Ливерпул

Сенегалескиот фудбалер Садио Мане ќе остане во Ливерпул најмалку до 2023 година, соопшти клубот од „Енфилд“.

Мане го продолжи договорот со „редсите“, и со тоа се отфрлени шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

„Ја донесов најдобрата одлука во мојата кариера. Се наоѓам во вистински клуб, со вистински тренер. Уште кога ја добив првата шанса да дојдам во Ливерпул, не размислував многу“, изјави Мане.

Сенегалецот заедно со Салах и Фирмињо се ударното напаѓачко трио на Ливерпул. Досега во сезоната Мане има постигнато шест погодоци

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.