Мане сака да му докаже на Баерн дека не згрешиле со неговиот трансфер

Садио Мане со нетрпение очекува да работи со новиот тренер Томас Тухел.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, крилниот напаѓач е во добри односи со германскиот фудбалски стручњак кој дојде на местото на Јулијан Нагелсман.

Тухел сакаше да го покани Сенегалецот уште кога работеше во Челзи и ПСЖ.

Високо ниво на мотивација има и кај Мане, кој има намера да му покаже на Баерн дека не згрешиле кога го купија од Ливерпул. Знае дека мора да игра попродуктивно.

Триесетгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 18 натпревари во Бундеслигата и постигна шест гола.