Мане се надева дека засекогаш ќе остане во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане ја објави својата желба да игра за тимот до крајот на кариерата.

– Многу сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Ми се допаѓа овде. Се надевам дека ќе останам овде засекогаш, изјави Мане за сенегалската ТВ2.

Дваесет и седум-годишниот Мане игра во Ливерпул од 2016 година. Заедно со тимот, тој ги освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. Тој забележа вкупно 136 натпревари, постигна 68 гола и 24 асистенции.

Денес од 17:30 часот, Ливерпул го пречекува Тотенхем на „Енфилд“ во дербито во Премиер лигата.