Мане со „дефанзивен“ број се впишува во историјата на Баерн Минхен (ФОТО)

Саудио Мане наместо со вообичаената „десетка“ на дресот, што ја носеше за време на престојот во Ливерпул, во таборот на Баерн Минхен ќе може да го гледаме со бројот 17 на грбот, откако самиот посака да направи промена со што ги изненади своите обожаватели.

Сенегалецот одбра не баш премногу популарна бројка, која во таборот на Баварците е позната како „дефанзивна“ со оглед што до сега во ваков дрес, меѓу другите, настапувале Кристија Циге (лев бек), Жером Боатенг (централен дефанзивец) и Марк ван Бомел (дефанзивен играч за врска).

„Сам и без поголема причина го одбрав бројот 17 и сакам со тој дрес да се радувам на многу успеси во Баерн Минхен. Сега со нетрпение ги очекувам подготовките кои треба да ги одработиме со моите нови соиграчи“, изјави сенегалскиот репрезентативец.

Мане во Ливерпул го носеше дресот со бројот 10, па се очекуваше дека и во Баерн ќе ја добие истата бројка. Тој го напушти „Енфилд“ за 32 милиони евра со дополнителни бонуси кои оваа сума може да ја зголемат до максимални 40 милиони евра.