Уметникот Коле Манев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата политичка ситуација во државата и рече дека откако власта е во рацете на Заев во државата се случува политичко цунами затоа што дозволи да се преговара за името, јазикот, идентитетот и историјата.
– Знаеме на кој начин дојде Заев на власт и тогаш почна политичко цунами во државата. И сега парадоксот да е уште поголем не разговараме за името кое е сменето, сега разговараме за јазикот, за идентитетот, историјата, сите дејци наши треба да припаднат на бугарите и дека нашиот јазик и нашиот идентитет се базират врз бугарски корени и сето ова го бараат бугарските политичари. Тоа го прават затоа што најдоа слабост кај нашите политичари. Вината е кај нас зошто начинот на кој се води политиката кај нас е благоречено несериозна. Како може вие да одите да разговарате дека нашиот јазик имал бугарски корени. Што ќе ни остане нас ако ни се земе јазикот, историјата и идентитетот ни се земе?, праша уметникот во своето гостување.
Тој во своето гостување потсети дека Заев и Димитров неколку пати укажаа дека Република Македонија добила членство за влез во ЕУ.
-Сега Заев знае и е свесен дека единствен спас за него е да добие некаков знак од ЕУ за почеток на преговорите и тој само така може да остане на власт и да се спаси и сум сигирен дека тој е спремен се да вложи за добие. И до сега тие неколку пати лажеа дека сме добиле преговори, доаѓа со авион од Брисел и викаа добивме датум за преговори, а камоли сега да добијат некако знак дека ќе довиеме нешто. Јас сум сигрен дека Заев и Димитров се ќе жртвуваат да се прогласи дека мислат за доброто на државата, додаде тој.