„Манго“ лансира линија за „полнички“ жени

Првата промо фотографија од новата колекција за полни девојки прикажува секси фустан со чипкан рез на грбот. Едвај чекаме да го видиме остатокот од колекцијата!

Шпанскиот бренд „Манго“ одлучи да ги израдува девојките кои не можжат да „влезат“ во нивните вообичаени големини порафи што лансираа модерна модна колекција за полни девојки.

Новата колекција е наречена Виолета, а облеката ќе биде достапна во големини од 40 до 52. Во првата колекција од ваков вид ќе има повеќе од 400 парчиња, а портпаролите на модната куќа истакнуваат дека во неа наместо досадни креации ќе има модерна, забавна и секси облека.

mango-kolekcija

Колекцијата Виолета би требало до крајот на 2014 година да се најде во повеќе од 100 „Манго“ продавници низ светот.