Манојловски: Политиките на владеење на СДСМ се погубни

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски во вечерашното гостување во „Само Вистина“ рече дека СДСМ во овие две години не направи ништо добро за граѓаните на Република Македониј и изрази убедување дека доколку во преговорите со Грција се опстоеше на националните ставови, ќе имаше подобро и посоодветно решение за уставното име.

Додаде дека во овие две години нема никакви реформски закони, туку само се носат закони како оној за заменици директори се со цел да се задоволат интересите на коалиционите партнери на СДСМ. -Политиките на владеење на СДСМ се погубни, потенцираше Манојлоски и изрази убедување дека доколку во преговорите со Греција се опстоеше на националните ставови, ќе имаше подобро и посоодветно решение за уставното име.

Пратеникот рече дека оваа влада нема донесено ниту една инвестиција, туку се рекламираа со инвестициите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, и дека сите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги носеше за младите луѓе, сега СДСМ ги копира и кажува дека тоа се нивни.

Посочи дека оваа влада донела буџет кој не е во интерес на граѓаните на Република Македонија, туку е буџет кој одговара само на поединечни членови на СДСМ Поради ваквите лоши политики на СДСМ, пратеникот Манојловски побара СДСМ да ги распишат изборите, да го распуштат парламентот, па потоа да се слушне волјата на граѓаните.

Сите ние знаеме како ги терате изборите, но да знаете волјата на граѓаните секогаш ќе победи, истакна Манојловски.

Во врска со промената на името на државата рече дека СДСМ го направи сето тоа без да го послуша гласот на опозицијата.

Република Македонија можеше да се најде на столчето на коешто се наоѓа денес, но тоа можеше да се случи на подостоинствен начин, односно доколку бевме единствени околу одредени национални цели, истакна Манојловски. Тој потенцираше дека во целиот процес на преговори требало да се постават црвени линии, при што целиот процес околу овие преговори придонесе за една поделеност помеѓу граѓаните на Република Македонија. Доколку опстоевме на националните ставови верувам дека ќе имаше подобро и посоодветно решение, додаде Манојловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.