Марјан „Доказ“ ноќеска бил пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“, кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница, објави „Макфакс“.

Била повикана Брза помош која констатирала дека состојбата не може да се санира на самото место, па Стаменковски бил однесен на Клиниката за кардиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, како и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.