Марјан Стаменковски од „Доказ М“ на свое инсистирање ја напуштил Кардиологија

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, по негово барање, информираа од таму.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Нему веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.

Судскиот процес против Стаменковски е во тек, а истовремено обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела.

Вчера хоспитализиран поради компликации со желудникот во старата Градска болница беше и осудениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13.