9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мараја Кери за врската со милијардерот: Немавме физички контакт

Пејачката Мараја Кери откри многубројни детали од нејзиниот приватен живот во мемоарите The Meaning of Mariah Carey, што неодамна ги објави.

Кери објасни зошто не го споменува Пакер во своите мемоари и ја откри вистината за нивната романса, што шокираше многумина, пишува Си-Ен-Ен.

“Ако врската значеше нешто,ќе беше во книгата. Ако не е, значи дека ништо не се случило. Немавме физички однос, да ви кажам право”, рече таа, алудирајќи дека нивната врска била повеќе од деловна природа.

https://www.instagram.com/p/CCRoFsLJPEt/?utm_source=ig_embed

Таа зборуваше и за бракот со 20-годишниот продуцент Томи Мотол, кој ја издигна на почетокот на нејзината кариера, и со кого се омажи на 23-годишна возраст.

“Немаше место за мене како личност. Замислете мало девојче. Постојано се обидував да се прикажам како вистинска американска девојка, што и да значеше тоа. Немаше слобода. Бев скоро како затвореник”, рече таа.

Кери исто така ја обвини осум години постарата сестра Алисон дека сакала да ја продаде на макро кога имала само 12 години.

https://www.instagram.com/p/BxXinTBHO1o/?utm_source=ig_embed

“Нашите родители се разведоа кога имав три години. Останав со мајка ми и Алисон отиде кај татко ми. Никогаш не се сложувавме. Кога имав 12 години, таа имаше 20 години и започна да живее со новото момче Џон. Тогаш почна да ми обрнува внимание, но не знаев дека Џон се занимава со подведување девојчиња, но и деца“, открива таа.

“Таа ме покани во нивната куќа каде што можев да гледам телевизија колку што сакам и имаше многу вкусна храна што мајка ми не можеше да си ја дозволи. Сега, се разбира, ми е јасно дека куќата била бордел. Сестра ми му помагаше на макрото .Тогаш не знаев, имав само 12 години.

“Работите брзо излегоа од контрола, сестра ми започна да се дрогира и да се задолжува. Еднаш таа и Џон требаше да ме земат, но тој дојде сам и ми даде до знаење дека има пиштол. Ме однесе во некој бар што беше полн со постари мажи што чудно ме гледаа и ми дофрлаа несоодветни коментари. Тогаш тој започна насилно да ме бакнува. За среќа, сè забележа човек на кого му беше чудно да гледа дете и постар лик како се бакнуваат, тој ме спаси. Подоцна дознав дека сестра ми се обидела да ме продаде на Џон “, додаде таа.

Да потсетиме, нејзината сестра неодамна ја обвини нивната мајка дека ја принудувала на секс за време на сатански ритуали, а сето тоа заврши на суд.