Марадона и се извини на ФИФА

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона и се извини на ФИФА и на нејзиниот претседател Џани Инфантино за критиките на сметка на судиите на Светското првенство во Русија.

Аргентинецот по мечот Англија- Колумбија, кој „Гордиот албион“ го доби на пенали, рече дека судијата Мајк Гајгер ги ограбил Колумбијците и дека немал поим од фудбал.

ФИФА одговори на обвинувањата, опишувајќи ги коментарите на 57-годишниот Аргентинец како „несоодветни и неосновани“.

Понесен од атмосферата, како навивач на Колумбија, кажав некои работи за кои признавам дека се неприфатливи. И се извинувам на светската куќа на фудбалот и на нејзиниот претседател. Иако понекогаш размислувам поинаку во однос на одлуките на судиите, ја почитувам нивната работа, која не е лесна, рече Марадона.