Марадона повторно го критикува Меси

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона, уште еднаш го критикуваше сонародникот Лионел Меси, порачувајќи дека еден од најдобрите играчи на денешницата и ѕвезда на Барселона не е „фудбалски бог“.

„Меси е сосема поинаков играч кога го носи дресот на Барселона, од оној кога го носи аргентинскиот дрес. Тој е вистинскиот Меси единствено кога игра за Барселона. Меси е одличен фудбалер, но не е вистински лидер“, изјави Марадона во интервјуто за Fox

Марадона истакна дека е бескорисno да се прават обиди да се извлече лидер од личност којашто пред почетокот на натпревар двасетина пати оди во тоалет. Меси во текот на кариерата неколкупати повраќал во текот на натпреварите, а дел од аргентинските медиуми пишуваат дека тоа му се случувало и пред мечевите. Неговиот татко пред неколку години изјави дека причина за тоа се стресот и проблеми со желудникот.

„Некој кој толку пати оди во тоалеt пред натпревар, не може да биде лидер“, заклучи Марадона.

Меси во дресот на Барселона освои 33 трофеи, од кои четирипати беше победник во Лигата на шампионите и девет титули во Шпанија, но во дресот на Аргентина не освои ниедно големо натпреварување. Во четиритe финалиња одиграни со националната селекција сите четири пати беше поразен. Под негово водство Аргентина беше втора на светското првенство во Бразил во 2014 година, и трипати трета на Копа Америка, во 2007, 2015 и 2016 година. Марадона, пак, во дресот на Аргентина ја освои титулата светски шампион во 1986 година во Мексико.