Марадона се јави на Фејсбук, не е во болница

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона се чуствува добро по вчерашниот натпревар меѓу Аргентина и Нигерија, по кој му се слоши и му беше укажана лекарска помош.

Тој денеска излезе од болница по што на својот Фејсбук профил истакна дека, сепак, не завршил во болница, иако лекарите го советувале да остане уште на полувремето на натпреварот.

Сакам да им порачам на сите дека сум добро и не сум во болница. На полувремето на натпреварот против Нигерија ме болеше вратот. Лекарот ме прегледа и ме советуваше да заминам на полувремето. Одлучив да останам, бидејќи игравме важен натпревар. Како би можел да заминам? Бакнеж до сите, извинете на загриженоста,порача Марадона.

Тој вообичаено е во полусвесна состојба и бурно реагира на сите случувања на теренот. На првиот натпревар на Агрентина пушеше пура, а вчера кога Рохо го даде победничкиот гол почна да ги покажува и средните прсти.

Аргентина во осминафиналето ќе игра против селекцијата на Франција.