Марадона снимил потресна порака за најмалиот син неколку часа пред смртта

Легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона како да знаел дека умира, неколку часа пред смртта славниот фудбалер снимил потресна порака за својот најмлад син.

Според британски The Daily Mail,  Марадона наводно побарал од очувот на неговиот син да се грижи за седумгодишното дете.

Марадона го доби синот Диегито Фернандо со неговата поранешна долгогодишна девојка Вероника Охеда, сликани заедно во 2010 година

Мардона го доби синот Диего Фернандо во врската со поранешната девојка Вероника Оједа. Во видео пораката славниот „Ел Пибе“ на момчето на неговата екс девојка Марио Баудри му порачал:

„Знам дека ова ќе звучи неверојатно, но добро ја познавам Вероника и таа ми кажа дека е со тебе. Добро грижи се за неа и внимавај на мојот мал ангел. Никој не може да се спореди со него“, порачал Марадона .

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата кој почина од срцев удар на 25-ти ноември со поранешната сопруга Клаудија со мкоја боил во брак од 1984 до 2004 година има две ќерки Далма и Џанина. Синот Диего Фернандо го добил со девојката Вериника, Марадона признал уште две деца, 34 – годишниот Диего Јуниор, и 23 годишната ќерка Јана.