Марадона: Судијата Гајгер е крадец, нека суди бејзбол, а не фудбал

И фудбалската легенда, Аргентинецот Диего Армандо Марадона имаше замерки за судењето на натпреварот Англија- Колумбија, кој го водеше Американецот Марк Гајгер. Англичаните победија на пенали 4:3, откако натпрварот во регуларниот дел заврши 1:1. Претходно и Радмел Фалкао изрази незадоволство од судењето на Гајгер, кој според него ги оштетил со нееднаквиот критериум.

Кога првпат се сретнав со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ми се чинеше дека сè ќе се смени во оваа организација. Но, во дуелот меѓу Колумбија и Англија, видов голема кражба.Можеби судијата знае се за бејзболот, но од фудбалот не се разбира. Тој е вистински крадец. Горд сум на Колумбијците кои се бореа до последниот момент, изјави Марадона.