Марадона тренер на второлигаш од Мексико

Легендарниот Аргентинец Диего Марадона ја прифатил понудата да биде тренер на мексиканскиот второлигаш „Дорадос“.  Еден од најдобрите фудбалери во историјата долго време имал проблем со зависност од алкохол и наркотици, па работата ја прифатил за  да го надомести изгубеното време поради овие болести и да се врати во нормален живот.

Сакам да му го дадам на „Дорадос“ она што го изгубив. Бев болен  14 години. Сега сакам да ја гледам  светлината на сонцето, ноќе да одам да спијам. Претходно не одев во кревет, не знаев дури  ни што е перницата …, сликовите објасни Марадона периодот низ кој поминувал.

Аргентинецот беше во центарот на вниманието за време на осминафиналето на Светското првенство во Русија на натпреварот меѓу Аргентина и Франција. Од свечената ложа на стадионот непримерно се однесуваше,  а потоа заврши во болница.

 

Потоа ги уверуваше фановите дек тоа не било последица од наркотици.

“Луѓето може да кажат што сакаат. Факт е дека имав проблеми, паѓав, се јадосував. Секој чекор беше наназад, но фудбалот е чекор напред. Сето тоа се промени благодарение на моите ќерки, заклучи Марадона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.