Маратонско супервештачење ги блокира судските процеси „Ласкарци“ и „Тендери“

Основниот кривичен суд во Скопје за два судски предмети сè уште чека супервештачење. Едно од супервештачењата и по изминати повеќе од 300 дена сè уште не е изготвено, додека пак другото се изработува повеќе од 100 дена. Овие податоци ги соопшти Коалицијата „Сите за правично судење“.  Кога Обвинителството има вештачење за одреден предмет, а вештачење понуди и другата страна, односно обвинетите и двата наоди се разликуваат, тогаш се изготвува супер вештањето кое Судот треба да го земе предвид во текот на судскиот процес. Коалицијата „Сите за правично судење“ укажува на бавност на изготвување на оваа важна документација во судските постапки.

Според објавеното за случајот Ласкарци 315 дена трае изработката на супервештачењето, односно наредбата е издадена на 11 ноември, минатата година. Изработката на супервештачењето за случајот „Тендери“ трае 110 дена, а наредбата е издадена на 6 април, годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.