Маричиќ ја повлекува листата за помилување осуденици

Министерот за правда Бојан Маричиќ и официјално во понеделникот ја повлекува листата за помилување осудени лица, по бројните реакции кои ги предизвика листата со 48 имиња.

Како што телевизијата Алсат дознава дека Маричиќ ќе бара дополнителни консултации и проверки на имињата предложени за помилување.

Дополнително, претходно денеска беше откажана и седницата на Комисијата за помилување во рамки на претседателството. Кабинетот на претседателот ги извести членовите дека се откажува состанокот што беше свикан за денеска во 14 часот, со извинување за доцното известување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.