Маричиќ: Илузија на ВМРО-ДПМНЕ е дека преговарачката рамка може повторно да се отвори

-Наша обврска останува донесувањето на уставните измени. Не може да избегаме, колку и да одлагаме и поместуваме, по изборите и по не знам кои избори таа обврска ќе остане. Ние сметаме дека тоа треба да се заврши што поскоро и затоа ги пративме во собранието. Ќе работиме до последен ден од овој собраниски состав за обезбедување на 80 пратеници и мислам дека сите пратеници, пратенички групи и покитички партии треба да се свесни за својата одговорност, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Додаде дека уставните амандмани содржински никој не ги оспори, па дури ни ДПМНЕ, но ги оспоруваат само заради свои политички поени што скапо ќе ја чини државата.

Маричиќ рече дека не треба да се пропуштаат шансите за зачленување во ЕУ затоа што ДПМНЕ не е спремна да понесе одговорност, за ниту едно прашање.

-Дали навистина вреди сами себе да се блокираме, да се отргнеме од групата на држави што преговараат, бидејќи една политичка структура смета дека не треба на досегашните 6-7 заедници, да имаме уште 4-5 заедици, меѓу кои и Бугарите во Уставот, со што конечно политички гледано ќе ја затвориме онаа теза што дел од бугарската политички сцена ја пласира дека сме еден народ во две држави и јасно ќе направиме дистинција, истакна Маричиќ.

Тој нагласи дека основниот страв на ДПМНЕ е губење политички поени, но ако се одеше по логиката на ДПМНЕ немаше да бидеме членка на НАТО.

-Кај ДПМНЕ постои една лажна надеж дека може повторно да се преговара околу францускиот предлог. Илузија е дека тој процес може да се преотвори, рече Маричиќ, додавајќи дека ДПМНЕ не ја разбираат или не сакаат да ја разберат ситуацијата и се плашат да изгубат политички поени, но и по изборите обврската останува, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.