Маричиќ најави промена на изборниот законик и воведување отворени листи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на денешната прес конференција најави промена на изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи. Мерката е дел од работниот план што ќе треба да го реализира министерството коешто го предводи.

„Ќе работам на измените на изборниот законик со кои ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори наредната година“, рече Маричиќ.