Маричиќ: На опозицијата ѝ понудивме да биде дел од процесот, но одговор нема

Вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на опозицијата и понудиле предлози за да бидат дел од процесот, но, како што вели, одговор нема.
„Имам разговори со опозицијата, каде побаравме мислење, и понудивме совети и идеји како да се зајакне улогата на Националниот совет за европска интеграција и да му дадеме сила на процесот и тука да учествува и опозицијата. За жал нема конкретни одговори на предлозите. Пред 3-4 месеци лично разговарав со опозицијата кога реков ќе ви дадам листа на експерти за вклучување на овој процес, не сме добиле одговор, и обратно, да предложат луѓе на кои им веруваат, и не сме добиле одговор. За да нема ништо спорно,  подготвени сме да разговараме кои се тие луѓе да ги ангажираме“, порача Маричиќ.