5.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

Маричиќ: Не излеговме во јавност со предлогот за да не влијаеме на решавањето на политичката судбина на Петков

Во денешното интервју на министерот за европски прашања Бојан Маричиќ на емисијата Топ Тема на ТВ Телма министерот изјави дека причината за информативниот мрак од страна на Валдата кон јавноста е поради сензитивната ситуација во Бугарија, односно пред неколку дена беше закажана седница на Собранието во Република Бугарија каде што се гласаше доверба на Владата на Петков на која што и беше изгласана недоверба.

Според изјавата на министерот можеме да дојдеме до заклучок дека очигледно поважно беше така нареченото „преживување“ на Владата на Петков од транспарентен однос кон граѓаните и целокупната јавност.

Ние во соработка со нашите партнери и од ЕУ и од САД дојдовме до еден заклучок дека е најдобро во овие денови кога се одлучува политичката судбина на Петков и неговата Влада не треба да се излегува во јавност за да не влијаеме на гласањето на доверба на Влада таму или на оценката за предлогот од нивна страна, изјави Маричиќ.