Маричиќ нема коментар за Уставен – дали одлуката зависи од изборот на Кацарска?

Дали аболицијата на претседателот Иванов и нејзното понишување беа спротивни на Уставот? Ова прашање утре повторно ќе се најде пред уставните судии.

Ден пред расправата министерот за правда вели дека ја следат состојбата, но останува без коментар како ова ќе влијае врз актуелните судски постапки.

Мислам дека ова е важен процес и дека не би требало да коментирам и прејудицирам кој ќе биде исходот на расправата на Уставниот суд по иницијативата во врска со членот 11 а од Законот за помилување за да не правиме какво било влијание, ниту пак да прејудицираме која ќе биде одлуката не би можел да коментирам. Со тоа не би можел да кажам и каков би бил исходот или какво би било влијанието на судските постапки. Ние ги консултираме за сите овие прашања и експертите по уставно право и експертите по кривично право и верувам дека во наредниот период ќе имаме одлука или некаков вид на изјаснување на Уставниот суд која што ќе ја расчисти оваа ситуација, додаде министерот за правда.

Владата се уште ја подготвува и стратегијата со која ќе настапи пред Еврпскиот суд за човекови права, пред кој дел од обвинетите во предметите на СЈО кои беа опфатени со аболицијата, покренаа спор против државата.

Тимовите на Владата активно работат на подготовка на Стратегијата. Ние во предвидените рокови ќе имаме став и пред да го известиме ЕСЧП ќе ја известиме и јавноста за нашите позиции, но ние сме странка во постапката и е штетно да изнесуваме ставови пред тие да бидат целосно изградени, одговори Маричиќ.

Во исто време министерот за правда апелира пратениците да дадат поддршка за изорот на Кацарска за уставен судија, бидејќи е предлог на Судскиот совет.

Токму од исходот на денешната собраниска седница ќе зависи и одлуката на Уставниот суд. Извори од судот брифираат дека гласот на Кацарска ќе биде пресуден, бидејќи уставните судии имаат поделени ставови по однос на ова прашање во сооднос 4:4. Ставот на Кацарска која досега од позиција на судија во Кривичен водеше повеќе предмети на СЈО и изрече затворски казни за повеќе поранешни функционери меѓу кои екс премиерот Гуревски, сега практично ќе треба да ги потврди или поништи своите досега донесени пресуди.

Според уставните експрети ако утре уставнот суд го поминшти членот 11а од Законот за помилување, ќе се активира аболицијата на Иванов од 2016-та со која беа опфатени 56 лица. Ако овој член биде укинат тоа ќе значи дека шефот на државата во иднина нема да може да повелкува веќе еднаш дадена аболиција.