Mаричиќ се гордее што со Мијалков имало позитивен епилог

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на завршната конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“ рече дека е исклучително задоволен и горд за позитивниот епилог од случајот со Сашо Мијалков.

– Попусто би говореле за реформи и законски измени, доколку го вртиме грбот на она што се случува на терен. Иако не се под директна надлежност на Министерството за правда, силно сум засегнат од последните случувања изминативе денови кои ја разбрануваа јавноста и за момент ја поткопаа довербата во институциите. Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот имаше свој позитивен епилог, и добро е што посебен обвинител, назначен од државниот јавен обвинител, ќе испита дали, кој и во кој дел потфрлил во однос на наводите дека одредено лице се подготвува за бегство, истакна Маричиќ.