Маричиќ смета дека пописот ќе ја даде точната бројка на иселени

18

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5 Телевизија кажа дека државата е подготвена за спроведување на пописот според највисоките светски и стандардите на Еуростат. Според министерот сè што се прави за пописот е според стандардите на Еуростат и е вградено во Законот за попис.

– Најдобар доказ дека пописот ќе биде валидна статистичка операција е тоа што ќе биде спроведен според највисоките меѓународни стандарди и стандардите на Обединетите Нации. Тој ќе биде направен од стручните лице од Државниот завод за статистика, без вмешување на политика. Целта е пописот да се направи со денешните современи технолошки можности и сите добиени информации да бидат проверливи – истакна Маричиќ.

Говорејќи за тоа кој се ќе се попишува, министерот кажа дека ќе има три категории, а добиените резултатите ќе се проверуваат.

– Ќе се попишуваат три категории на граѓани. Првата, вкупното население, каде спаѓаат резидентно и нерезидентно население, потоа резидентно население и неразидентно население. Мислам дека е сосема валидно, држава која со години иселувањето на населението го декларира како проблем, да знае точна бројка на иселени лица. Да дознаеме каде се отселени, да видиме кој е трендот и причините на иселување, а со тоа и што да се преземе за овој проблем – потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда кажа дека сите добиени податоци од попишувањето ќе бидат анализирани и проверувани. Поради вкрстената проверка на информациите секои лажно давање информации ќе биде строго санкционирано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.