Тетовци фатени со два килограми марихуана

Полицијата завчера запленила два килограми марихуана во возило кое го запрела на патот Гостивар – Дебар.

Полицајците запреле возило марка “Цитроен Ц2“ со тетовски таблички управувано од И.Б.(28) од с.Долно Палчиште, тетовско, додека пак како сопатник во возилото бил А.Ј.(29) од с.Голема Речица, тетовско.

При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени со теписонот биле пронајдени две најлонски кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 2 килограми.

На лицата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.