Марин демантира дека си испраќал пораки со сопругата на Саше Политико

Откако неколку медиуми објавија преписка меѓу градоначалникот на Аеродром и сопругата на Саше Политико,  Златко Марин испрати демант на овие информации.

Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене, Златко Марин и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација. Барам извинување и официјален демант од вашиот портал, пишува Марин.

НетПрес  го објавува неговиот демант во целост иако нашиот портал воопшто не беше извор на оваа вест.