Марин: Влезот на Финска во НАТО е неопходен по инвазијата на Украина

Финската премиерка Сана Марин, зборувајќи по официјалното соопштение дека земјата ќе влезе во НАТО, рече дека потегот е неопходен по инвазијата на Украина.

„Кога ја гледаме Русија, гледаме сосема поинаков вид на Русија од онаа што ја видовме пред само неколку месеци“, рече Марин, одговарајќи на прашање на Скај њуз.

„Сè се смени кога Русија ја нападна Украина и јас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија ако сме сами. Затоа ја носиме одлуката за влез во НАТО. Тоа е чин на мир“, рече Марин.

„Имавме војни со Русија и не сакаме таква иднина за себе или за нашите деца“, додаде таа.