Добитниците на главните награди на Остен Биенале на цртеж 2014 се Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД) – Гран при за животно остварување и Џoан Миро (Шпанија) – Награда Светско културно наследство.
Отворањето на изложбата и доделувањето на наградите на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, Скопје 2014 ќе биде на 18 септември 2014, во галеријата Остен.
Остен Биеналето на цртеж е манифестација која привлекува познати имиња од домашната и од светската уметничка сцена.
За главните награди на Биеналето – Гран при за животно дело и Наградата Светско културно наследство одлучува Бордот на Остен во соработка со амбасадорите на Остен.