Маркез со херојски подвиг и четврта последователна титула МотоГП

Пилотот на Хонда, Марк Маркез победи на трката во Тајланд и со тоа стана осумкратен шампион на едвај 26 години!

Шпанецот ја освои четвртата последователна титула во кралската класа и со тоа влезе во елитниот клуб на Валентино Роси, Мик Дуан и Мајк Хајлуд. Марк стана шампион во 2019 година во МотоГП на четири трки пред крајот на сезоната.

Маркез денес го совлада 20-годишниот талент на Јамаха, Фабио Куартараро со одличен маневар во последниот круг. Французинот беше лидер на „Бурирам“ во над 90 отсто од трката, но не успеа да го запре нападот на Маркез во финишот.

Трет на подиумот во Тајланд заврши Маверик Вињалес со уште една Јамаха. Зад него се најде Довициозо, а потоа следеа Ринс, Морбидели, Мир и Роси.