Марко Јариќ ја изневерил Лима двапати

Во текот на неодамнешниот престој на  бразилската манекенка во Истанбул, турските медиуми објавуваат дека Лима дознала за неверството на Јариќ, но одлучила да му прости.

Светскиот топ модел Адријана Лима, која во Турција снимила реклама наводно била чекор до развод.

Како што објавија турските портали, Адриана за неверството на Марко дознала неодамна, а престојот во Истанбул го искористила за да размисли дали ќе му даде уште една шанса. Наводно, одлучила да му прости поради ќерките. Поради ова беше на мета на новинарите, но не сакала да одговори на прашањата за приватниот живот, одбивајќи и да ги демантира наводите за неверството на Марко.

Дополнителни сомнежи за неверството на Марко ги подгреала Лима, која вчера ја избришала фотографијата на Инстаграм под која нејзините пријатели коментирале за неверството на Јариќ. Станува збор за фотографија која ја објавила за Велигден, а на која позира со ќерките Валентина и Сијена и на пријателите им честита празник. Ниту еднаш не го споменала сопругот.

Пријателката на Адриана, извесна Хелин под оваа слика напишала дека не може да сфати како Јариќ морал да изневери жена како Лима.

„Марко може да оди по ѓаволите. Како можеше да биде со друга жена, покрај сопруга како што е Лима. Тој е најглупавиот маж на светот,“ напишала Хелин.

На прашањето на друг пријател, што направил Марко, таа одговори:

„Ја изневери двапати. “

Коментарите на изненадените пријатели на популарниот пар се ределе, по што Лима одлучи да ја избрише оваа фотографија.