Марко Стојанов – некогаш член на Напредок, денес на Бока Јуниорс

Стојанов, поранешниот кадет на Напредок од Кичево кој беше дел и од академијата од шпански Еспањол за почеток ќе работи со академијата на клубот во Њујорк.

Официјално сум нов член на Бока јуниорс, а за почеток ќе работам во академијата на клубот во Њујорк. Мојот трансфер од Ред бул во Бока Јуниорс се случи откако бев избран меѓу десетте млади фудбалери до 18 години во селекцијата што беше извршена минатата недела, кога шест тренери и претседателот на клубот направија избор меѓу 1.500 млади таленти од САД што ќе работат во оваа академија, вели Стојанов за весникот “Нова Македонија”.

За славниот клуб од “Ла Бонбонера” не треба да се трошат многу зборови, тоа е тим кој е најуспешен во Аргентина, актуелен шампион, тим кој има многу титули и на интернационално ниво.