Маркоски: Одбраната ќе биде на висина на задачата против Австрија

Столбот на одбраната во македонската ракометна репрезентација Велко Маркоски, пред денешниот натпревар против Австрија во 18,15 часот смета дека одбраната ќе биде висина на својата задача и ќе стигне до посакуваната победа.

„Сметам дека против Данска се прикажавме во едно сосема солидно светло, а и против Чешка одигравме добро се до вториот дел од второто полувреме, кога не успеавме да го издржиме темпото и имавме пад во играта. Сепак, сето тоа го оставаме зад себе и со погледите се вртиме кон мечот со Австрија. Станува збор за репрезентација што нема така корпулентни бекови како Чесите, но затоа игра доста побрзо. Знаеме дека нема да ни биде лесно, но убеден сум дека одбраната ќе ни биде на висина на задачата и дека ќе стигнеме до посакуваната победа“ , изјави Маркоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.