Марков: Ново Село со градоначалникот од редовите на СДСМ стана маргализирана општина

Време е да почнеме да говориме за општина Ново Село, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат кого плаќаат и каде одат нивните пари, рече Петар Марков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село

„Општина Ново Село за време на целогодишна пандемија, не донесе ниту една мерка со која ќе го унапреди здравјето и ќе ја подобри заштитата на граѓаните од пренесувањето на корона вирусот. Единствениот проект со мобилно амбулантно возило, кој имаше шанса да даде некаков придонес се компромитираше преку појава на скандали и сомнителни измени во чинењето и времетраењето на проектот.

Општинат, додаде МАрков, бе донесе ниту една вонредна мерка за претрпените економски штети врз бизнисите на нејзините граѓани, а наместо понуда за алтернативи за економска егзистенција, едукација или социјализација, во општината за време на пандемијата останаа да работат само казината и обложувалниците.

„Од општина со најголем потенцијал во источниот регион која граничи со две држави од Европската унија, по четири години власт на СДСМ, општина Ново Село е маргинализирана и се спомнува заедно во групата на Грчец и Арачиново.

Наместо давање можности за окрупнувања на земјоделски земјишта за поисплатливо производство на земјоделците, општина Ново Село врши промена на урбанистичките планови за овозможување посеви со марихуана кои воглавно се во сопственост на поранешни или актуелни членови на локалното раководство на СДСМ.

„Гласот на Америка“ во својот извештај преку „Глобалната иницијатива за транснационален организиран криминал“ го анализира нелегалниот пат на дрогата и како посебен регион од интерес е издвоен источниот дел на земјава.

Ова е еден мал вовед во тоа што се СДСМ преку своите градоначалници и Совет е способна да уништи на локално ниво. Ваквата перспектива внесува повеќе страв наместо оптимизам кај родителите чии деца треба да растат во ваква средина, за претприемачите чии бизниси треба да се развиваат и за обичниот граѓанин чија егзистенција зависи од желбата на некој локален политички моќник“, рече Марков.