Марков: Ви ги пренесуваме ставовите на СЗО, не како бараме – туку како треба

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ сподели видеа од доктор Петар Марков во врска со справувањето од коронавирусот во Македонија.

Искрената загриженост за граѓаните во Република Македонија а особено за медицинскиот персонал кој ја води најтешката борба со пандемијата со nCoV, ни наметнува чувство на одговорност кое не можеме и не смееме да го премолчиме.

Секојдневната слика за неорганизираноста на здравствените установи на целата територија на Република Македонија не принуди да го изготвиме овој видео водич кој е всушност интерпретација на документ издаден од Светската Здравствена Организација.

Пред да бидеме обвинети за прибирање политички поени, важно е да напоменеме ова не го кажува ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту било кој поединец од нашата партија, туку СЗО чии професионалци низ искуството во борбата со оваа зараза дошле до овие заклучоци.

Чувствуваме особена одговорност да апелираме до медицинските работници да го прочитаат или ислушаат но и да го применат тоа што е запишано, бидејќ тоа се најнеопходните елементи од кои треба да биде изграден еден систем додека трае борбата со оваа пандемија.

Темите кои се опишани во овој водич се:

1. Воспоставување тријажа, рано препознавање и контрола на изворот
2. Воспоставување стандардни мерки на претпазливост за сите пациенти
3. Емпириска имплементација на додатни мерки на претпазливост
-Контактни и капкови мерки на претпазливост
-Аерокапкови мерки за претпазливост
4. Имплементација на административни контроли
5. Користење инженерски и контроли од самата средина
-Траење на контактот и капкови мерки на претпазливост за пациенти со nCoV инфекција
-Земање и ракување со лабораториски примероци од пациенти кои се сомнителни за инфекција од nCoV
6. Препораки за амбулантско згрижување

Апелираме до медицинските професионалци да бидат одговорни кон своето здравје и здравјето на нивните семејства бидејќи и тие но и сите граѓани во Република Македонија имаат потреба од нивното знаење.

Заради тоа, секое поглавје кое ќе биде препознаено како неимплементирано во секојдневната работа на било која здравствена установа, претставува прекин на ланецот на заштита на медицинскиот персонал кој е со најголема експозиција на овој инфективен агенс.

Со почит,

Републичка комисија за здравство на
УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Извор на информации:
Водич на СЗО, 25 јануари 2020

Видео и нарација:
Д-р Петар Марков

Сите видеа и совети на доктор Петар Марков погледнете ги ТУКА