Марковиќ му порачува на Заев да се занимава со тоа како Груевски излегол од земјата

Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, изјави во интервју за Радио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ) дека обврска на Македонија е да се погрижи за тоа како нејзниот поранешен премиер ја напуштил земјата иако е требало да се јави на отслужување на затворска казна, а не на Црна Гора.

Душко Марковиќ во интервјуто на неговиот македонски колега премиерот Зоран Заев, му порачува да се позанимава со прашањето, зошто навреме не била распишана потерница за поранешниот премиерот Никола Груевски.

Коментирајќи ја изјавата на Заев, кој пред неколку дена изјави дека е чудно што четири земји пријатели на Македонија му овозможиле бегство на поранешниот премиер Груевски преку нивната територија, Марковиќ рече дека Груевски преку Црна Гора минал на сосема законски начин, врз основа на лични документи што ги имал.

„Тој влезе во Црна Гора, а потоа и во Србија. Во тој момент, според податоците со кои раполагаше Црна Гора, за Груевски не беше издадена никаква потерница“, изјави црногорскиот премиер.

„Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија – ова прашање не може да се става на Црна Гора”, рече Марковиќ во интервјуто , по повод две години од работата на неговата влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.