Марковски прашува како Филипче знае дека вирусот ќе се врати наесен

По изјавите на министерот за здравство Венко Филипче дека коронавирусот ќе се врател есенва, реномираниот инфектологот Вело Марковски оцени дека станува збор таквите тврдења се баз реална основа и треба да се појасни од која основа се извлекуваат таквите заклучоци.

Марковски за ТВ 21 вели дека никој не може да каже дали вирусот ќе се врати повторно наесен, а тие кои тврдат такво нешто треба да објаснат од каде го знаат тоа.

Вели дека вирусот може да се врати, но може да биде како и претходно или како изминативе години кога 10 или 30 отсто од населението се заразува со коронавирус, но поминува како обична настинка.

Реалниот број заразени со коронавирус може да биде 10 пати поголем од официјалниот број, додава Марковски , бидејќи многу случаи поминуваат и без симптоми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.