Марковски смета дека ПЦР тестовите за коронавирус се голема грешка

Вело Марковски гостува вечерва во „Клик плус“ на ТВ21. Тој смета дека овие ПЦР тест кои се бараат за да се оди во друга држава, се голема грешка, и дека требаат и серолошки тестирања.

„СЗО дури во претходните епидемии со САРС 1 и со Мерс бараше двете методи да се користат, односно да не се користи само ПЦР технологија без серолошки тестови. ПЦР се оспорува бидејќи таа не е за ваква масовна употреба“.