Маркус Смарт по третпат најборбен играч во НБА лигата

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Маркуст Смарт, по третпат е прогласен за најборбен играч во најсилната кошаркарска лига на светот американската НБА, објавено е во четвртокот.

Со тоа 29-годишниот плејмекер на Селтикс втора година со ред ја освојува оваа награда, а третпат во последните пет сезони.

НБА лигата од 2016 година ги следи статистичките податоци за борбеноста на играчите, кои вклучуваат одбиени топки, освојување на ткн „ничии топки“, изборени лични грешки на противнички играл во напад, поставени блокови кои довеле до постигнување кош, попречување на противникот при шут и спречувањето на напаѓачки скокови на противниците.

Маркус Смарт, кој минатата сезона ја освои и наградата за најдобар одбранбен играч, оваа сезона во регуларниот тек имаше просек од 11,5 коша, 6,3 асистенции, 3,1 скокови и 1,5 украдена топка, а настапи на 61 натпревар.

„Неговата енергичност, пожртвуваноста којашто ја искажува за своите соиграчи, бескомпромисниот труд и натпреварувачкиот дух не можат да се видат во вообичаените статистички податоци. Но тие елемнти беа клучни Бостон да го заврши основниот дел од сезоната со вториот најдобар учинок во лигата (57-27) и му помогнаа на Смарт по третпат да ја освои наградата за борбеноста“, стои во соопштението на НБА лига.

Второто место во овој избор му припадна на Дрејмон Грин од Голден Стејт Вориорс, а третото на Аарон Несмит од Индијана Пенарс.