Мароканец планирал атентат врз Меси

Терорист од Мароко е уапсен под обвинение дека планирал да изврши атентат врз еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси, објави шпанскиоот „Ел Периодико“.

Како што наведува медиумот, 33-годишниот Мароканец самиот признал дека планирал терористичкиот напад да го изврши за време на дербито „Ел Класико“, но на крајот се откажал, бидејќи, како што рекол, многу било ризично.

Но, неговите планови не завршиле тука. Тој подоцна бил решен да го нападне Меси со нож пред стадионот на Барселона.

Засега неговиот идентитет не ѝ е познат на јавноста, а името ќе му биде објавено кога ќе започне судењето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.