14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мароко ја нокаутираше Белгија (Видео)

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0.

Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим.

За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска.

Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада.

На табелата во Г-групата лидер е Мароко со 4 бода од два натпревара, Белгија има 3 исто така од две средби, Хрватска е трета со 1 бод од еден натпревар, Канада е последна без освоен бод исто така од еден натпревар. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.