Мароко од утре е домаќин на Светското клупско првенство во фудбал

Мароко од утре до 11 февруари првпат во својата историја ќе биде домаќин на Светското клупско првенство, на кое ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања – Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд, Ал Ахли и Ал Хилал.

Клупското СП ќе биде отворено со дуелот меѓу Ал Ахли и Оукленд, а победникот во четвртфиналето ќе игра против првакот на КОНКАКАФ, Сиетл, додека подобриот од таа пресметка во полуфиналето го чека европскиот шампион Реал.

Во вториот дел од жрепката е јужноамериканскиот шампион Фламенго, кој во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Казабланка и Ал Хилал.

Финалето и натпреварот за третото место се на програмата на 11 февруари.

Сите натпревари ќе се играат во мароканските градови Рабат и Тангер.

Титулата лани ја освои Челзи, совладувајќи го во финалето бразилски Палмеирас.

Најмногу светски клупски титули има Реал, вкупно четири (2014, 2016, 2017, 2018).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.