Марсеј го брка Адил Рами

Поранешниот европски првак Олимпик Марсеј по секоја цена сака да го избрка дефанзивецот Адил Рами ос клубот, ама сето тоа оди многу тешко, па на „Велодром“ ќе мора да го одврзат ќесето за да успеат во намерата.

Рами, кој беше дел од француската селекција лани, која го освои СП во Русија не сака да си замине од Марсеј со кој има уште две години од договорот. Клубот реши да го брка откако фудбалерот наместо на тренинг, глумел „пеливан“ во кал, а претходно имаше бурна врска со секс-бомбата Памела Андерсон, со која после двегодишна врска раскина, а постојано беше на насловните страници поради неа, а не поради настапите за Олимпик.

Поради тоа што Рами не сака да потпише „спогодбен раскин“ на договорот, Марсеј нема друга опција освен да му плати да си оди. Најугледниот весник „Л’Екип“ објави дека раководството веќе прифатило да му даде 1,2 милиони евра и така да го натера Рами да замине од клубот.