Марсеј го доби дербито во Лил

Во последниот натпревар од 25-то коло на француското фудбалско првенство, Лил во неделата на домашен терен беше поразен од Олимпик Марсеј со 12

Во судирот на четврто и второпласираната екипа на табелата бепе потврдена големата бодовна разлика, а сите три погодока беа постигнати во вториот дел. Домашните поведоа во 51 минута со голот на Виктор Осимен, а потоа во 66 минута автогол си постигна Реинилдо Мандава а по две минути целосен пресврт во позла на гостите направи Дарио Бенедето.

Марсеј сега со 52 бодови и натаму е на второто место со 10 бодови заостанување зад неприкосновениот ПСЖ, а Лил остана четврти со 40 бодови, еден помалку од третиот Рен, а два повеќе од петтиот Монако. Лил ја држи позицијата од која се оди директно во групната фаза од Лига Европа.

Фудбалерите на Олимпик Лион четврти меч со ред во домашното првенство не успеваат да дојдад до победа, и дома со Стразбур одиграа 1:1. За Лион голот го постигна Бетран Траоре во 21 минута, а стрелец за гостите беше Кеви Зои во 42 минута. Лион е 11-ти со 34 бодови, а Стразбур е седми со 37 бодови.

Стад Ремс со реализираниот пенал на Ел Билал Туре во 72 минтуа го победи Рен кој со овој пораз неуспеа да се одлепи од Лил во трката за третата позиција и пласман во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона. Стад Ремс сега е деветти со 36 бодови, само пет помалку од вечерашниот противник.

Брест на свој терен имаше убедливо водство од 3:0 по првиот дел против Сен-Жермен но во вториот дел до крајот грчевито се бореше да ја го сочува за конечен успех во мечот кој го доби со 3:2. Пол Ласен во 20, Гаетан Шарбоние во 38 и Ирвин Кардона во 43 минута беа стрелци за домашните, чија мрежа од пенал во 54 минута ја погоди Денис Буанга, а во 69 минута намали Лоа Диони.

Брест сега е 13-ти на табелата со 33 бодови, а Сен-Жермен е 16-ти со 28 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање во понизок ранг.