Mарсеј го елиминираше ПСЖ од францускиот куп

Олимпиј Марсеј го елиминираше во средата вечерта тимот на Пари Сен Жермен со 2:1 (1:1) на својот „Велодром“ и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Франција.

Марсеј беше подобар во првото полувреме и поведе во 31 минута од пеналот што го реализираше Алексис Санчез по прекршокот на Сеги Рамос врз Џенгиз Ундер. Сепак, во последната акција од првото полувреме Рамос во втората минута од судиското продолжение со глава по изведениот корнер израмни на 1:1. Победата на Марсеј ја обезбеди Руслан Малиновски во 57 минута со одличен удар од 16 метри.

Претходно во средата стоперот на хрватската репрезентација Дејан Ловрен го реализираше победничкиот пенал за Лион во четртата серија од пенал-рулетот за конечната победа од 6:4 (2:2) против Лил. Лион поведе со 2:0 со головите на Черки во 8 и Лаказет во 23 минута, но Лил успеа да се врати во игра од паналот што го реализираше Давид во 29 минута и со голот на Жегров во 64 минута. Потоа веднаш се пристапи кој изведувањето на ударите од белата точка. Сите четворица играчи на Лион, вклучувајќи го и Ловрен како четврти, беа сигурни, додека Лопез го одбрани ударот на Баје, додека Веа ја погоди гредата.

Преку пеналите и Нант избори пласман во четвртфиналето на гостувањето кај Анже, откако по 90 минути игра реултато гласеше 1:1, а конечниот 5:3 за Нант, а Анеси го совлада ФК Париз со вкупни 7:6 како гостин, откао 90 минути исто така беше 1:1.

Како гостин второлигашот Родез го изненади Оксер совладувајќи го со 3:2, Тулуз со 3:1 го совлада Ремс, а Гренобл – Виерзон со 1:0.

Лориен и Ленс својот осминафинален натпревар ќе го одиграат во четврток.