Марсеј го надигра Лион во дербито

Во дербито на 13-то коло на француското фудбалско првенство во дуелот на дваа Олимпика, Марсеј на својот „Велодром“ го победи Лион со 2:1, пробивајќи се на второт место на табелата.

Марсеј поведе со 2:0, но потоа прими гол па остана со играч помалку и грчевито ја бранеше победата. Двата гола за домаќините ги постигна Дмитри Паје во 18 од пенал и во 29 минута, додека погодокот за гостите го постигна Муса Дембеле во 59 минута. Домашните од 64 минута играа со играч помалку, откако беше исклучен Алваро Гонзалес.

Монпелје убедливо го победи Тулуз со 3:0 и скокна на петтото место на табелата. Победата на домашните им ја донесоа Гаетан Лаборд во 43, Дамиен Ле Талек во 59 и Тежи Савание во 75 минута.

Нант и Сент Етјен одиграа возбудлив меч во кој домашните водеа двпати со 1:0 и 2:1, но на крајот победата им припадна на гостите. Нант поведе во 14 минута преку Лудовик Блас, осум минути подоцна ирамни Мигуел Троко. Нант во 26 минута поворно додаѓа до предност окако Имран Луза го совлада Стефан Руфиера. Меѓутоа, на полувремето се отиде со резултат 2:2 откако Денис Буанга израмни во 34 минута. Во продолжението падна само еден гол, во 67 минтуа Бианга погоди за победа на гостите.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Недела

Марсеј – Лион 2:1
Рен – Амјен 3:1
Монпелје- Тулуз 3:0
Нант – Сент Етјен 2:3

Сабота

Брест – ПСЖ 1:2
Лил – Мец 0:0
Монако – Дижон 1-0
Ремс – Анжер 0:0
Стразбур – Нимс 4:1

Петок

Ница – Бордо 1:1

ТАБЕЛА

1. ПСЖ         13 10 0 3 28 8 30
2. Марсеј      13 6 4 3 16 17 22
3. Анжер       13 6 3 4 17 16 21
4. Сен-Етјен  13 6 3 4 15 17 21
5. Лил           13 5 4 4 18 13 19
6. Монпелје   13 5 4 4 14 10 19
7. Бордо        13 5 4 4 18 15 19
8. Ремс          13 5 4 4 9 6 19
9. Нант          13 6 1 6 11 12 19
10. Рен            12 5 3 4 16 13 18
11. Монако      13 5 3 5 20 22 18
12. Брест         13 4 5 4 14 16 17
13. Ница         13 5 2 6 16 19 17
14. Лион         13 4 4 5 20 13 16
15. Амјенс      13 4 4 5 17 20 16
16. Стразбур   13 4 3 6 11 14 15
17. Мец          13 3 4 6 11 18 13
18. Дижон     13 3 3 7 7 14 12
19. Тулуз       13 3 3 7 15 25 12
20. Нимс        12 2 5 5 11 16 11