Марсеј и ПСЖ одиграа без голови

Sports Orange Vélodrome (Marseille 13), le 24 octobre 2021 Olympique de Marseille-Paris Saint Germain 11e journée de ligue 1 Kylian Mbappé

Во последниот натпревар од 11-то коло на француското фудбалско првенство во неделата вечерта Оломпик Марсеј и Парис Сен Жермен пред 65.000 гледачо на стадионот „Велодром“ одиграа без голови.

Марсеј имаше повеќе добри шанси за постигнување погодок, а од 57 минута и играч повеќе откако беше исклучен Ашраф Хакими, но неговите напаѓачи не успеаја да ја затресат мрежата на гостите од Париз.

Во првото полувреме најмногу работа имаа во ВАР-системот. Првпат од таму реагираа во 14 минута кога Нејмар шутираше а Луал Перез ја сврти топката во својата мрежа, но голот на ПСЖ беше поништен зашто Бразилецот бил во минимален офсајд. Шест минути подоцна и на домашните им беше поништен погодок по интервенција на технологијата. Пол Лирола нафрли од десната страна, а Милик убаво погоди за водство на Марсеј. Но ВАР-от сигнализираше офсајд на Шпанецот пред нафрливањето.

До крајот на првиот дел Лионел Меси имаше две убави можности, во 28 минута неговиот удар го одбрани Пау Лопез, а во 43 минута шутираше крај голот.

Во 54 минута повторно се огласи ВАР-от, кога Марсеј изведе брз противнапад, Ундер тргна кон гостинскиот гол а како последен играч во одбраната го собори Хакими. Сидијата Бастиен прво пресуди играње со рака од домашниот играч, потоа по итервенцијата ја промени одлуката и го исклучи бекот на ПСЖ.

Со играч повеќе Марсеј имаше одлична шанса во 65 минута кога Паје нафрл но Рожие шутираше крај голот. Во 77 минута и Конред де ла Фиенте се најде во одлична ситуација сосема осамен на втората статива, но слабо шутираше.

Во претходно одиграниот меч Монако го победи Мопелје со 3:1, впишувајќи ја четвртата победа во последните пет кола.

Монако поведе во 12 минута преку Кевин Воланд, а пет минути подоцна Висам Бен Једер го удвои водството. Гелсон Мартинс во 61 минута зголеми на 3:0 а Тежи Савание намапли од пенал во 81 минута.

Минимална победа оствари и Рен против Стразбур со решавачкиот погодок на Наиф Агуерд во 82 минута.

Ланс беше убедлив против Мец и со победата од 4:1 се врати на второто место на табелата, Два гола постигна Саид во 14 и 37, а по еден Ганаго во 83 и Франковски во 90 минута, додека за гостите стрелец беше де Превил во 33 минута.

Ница го победи Олимпиок Лион со 3:2, иако гостите до 80 минута водеа со 2:0. „Лавовите“ поведоа во 35 минута со голот на Карл Ток Екамби а зголеми Усем Ауар во 68 минута. Но во 81 минута за Ница намали Јусеф Атал, а четири минути подоцна Лион остана со играч помалку по исклучувањето на Тино Кадевере. Израмни Анди Делор во 89 минута од пенал, а во втората минута од судиското продолжение Еван Гусанд го оствари големиот пресврт за домашните.

На табелата води ПСЖ со 28 бодови, Ланс е втор со шест бодови помалку, Ница има 19, а Марсеј и Рен по 18 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.