Марсеј извлече бод кај Бордо со два играчи помалку, Лил се врати на врвот

15

Во последниот меч од 25-то коло од француското фудбалско првенство Бордо и Олимпик Марсеј одиграа без голови иако гостите повеќе од половина час играа со два играчи помалку.

 

Марсеј ниту по 44 години не успеа да победи во Бордо, но овојпат барем не беше поразен. Последната победа на Марсеј над Бордо на негов терен е во октомври дамнешната 1977 година и од тогаш нема триумф на Гарона. Но овојпат гостите мора да се радуваат на едниот бод, бидејќи во 55 и во 59 минута останаа без Аргентинците Леонардо Балерди и Дарио Бенедето.

Марсеј имаше стопроцентна шанса во 54 минута која не ја реализираше Валери Жермен, а во против напад Бордо дојде до шанска, но балерди како последен играч во одбраната со раце го собори Реми Уден и доби црвен картон. Само четири минути подоцна за остар прекршок над Лорен Капчелни беше исклучен и Бенедето. Бордо до крајот на мечот притискаше но не успеа.

Бордо е 11-ти со 33 бодови, а Марсеј моментално е деветти со 34 бодови, но има два неодиграни натпревари од првенството.

 

Фудбалрите на Лил го преземаа повторно врвот на табелата, иако на домашен терен не успеаја да го совладаат Брест кој е на средина од табелата. Гостите одлично се брание и успеаја да го завршат мечот без голови

Лил сега е прв со 55 бодови, бод повеќе од вториот ПСЖ, Брест е 12-ти со 31 бод. Третиот Лион има 52 бода, а четвртиот Монако е со 49 бодови.

 

Монако одигра 2:2 против Лориен израмнувајќи со голот во третата минута од судиското продолжение. Лориен водеше со 1:0 и 2:1, со двата гола на Темен Мофи во 8 минута од пенал и 62 минута. Тимот од Кнежевстово дојде до бод со головите на Висен Бен Једер во 48 минута од пенал и во 93 минута.

Монако со овој резултат ја прекина низата од седум последователни порази, но ја продолжа низата од десет кола без пораз. Лориен од друга страна ја продолжи низта без пораз на пет кола.

Нант на гостување го победи Анже со 3:1, Нимс го порази Дижон со 2:0, Сен Етјен со истиот резултат беше подобар од Рен, а Стразбур со 2:1 го победи Мец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.