Во првиот натпревар од 20-то коло на француското фудбалско првенство, Оломпки Марсеј со 1:0 славеше над Бордо.
Погодокот за првата победа на Марсеј во Бордо по дури 44 години го постигна Ченгиз Ундер во 37 минута.
Марсеј со оваа победа дојде до втората позиција со 36 бодови, десет помалку од водечкиот Пари Сен Жермен а три повеќе од третопласираната Ница. Во мометов сите клуба имаат по 19 натпревари. Бордо, пак, остана 17-ти со 17 бодови, а го следат Мец и Лиориент со бод и натпревар ппомалку, па по затворањето на колото може да падне во зоната на испаѓање.
Во сабота се игра само еден напревар Ланс – Рен, а колото продолжува во недела со дуелите: Брест – Ница, Мец – Стразбур, Клермон – Ремс, Нант – Монако и дербито Лион – ПСЖ.